Од хотелот “Мира Маре“ во Драч не остана ништо (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку шест лица го загубија животот во серијата на земјотреси кои утринава ја погодија соседна Албанија.

Најкритично моментално е во Драч каде предмалку спасувачките служби пронајдоа две безживотни тела, на 10-годишно девојче и 18-годишна тинејџерка. Како што пренесуваат албанските медиуми, двете тела биле извлечени од рушевините, а во градот има уште загинати.

Бројот на повредени според последните информации се искачил на 325 лица. Големи оштетувања се забележани ширум цела Албанија, а спасувачките служби и локалните жители цело утро се во потрага по преживеани.

Во меѓувреме „БалканВеб“ пренесува дека целосно се срушил хотел на пет ката. Станува збор за хотелот „Мира Маре“, а медиумите јавуваат дека во него имало 4 лица за кои се претпоставува дека се под уранатините.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com