За време на судењето на таканаречената Ваљевска група, обвинетиот Зоран Јеличиќ си го пресекол вратот пред сите во судницата.
Како што пишува Курир.рс, Јеличиќ се јавил за збор, па излегол на судската говорница и рекол: “Сега ќе се убијам пред сите“ и од џепот извадил остар предмет со кој си го пресекол вратот.
Претходно, Зоран Јеличиќ побарал иземање на судскиот совет и дека имал 7 причини за тоа. Успеал да наведе четири, но судијата го прекинал и го вратил во делот за обвинети. Но, тој повторно неколку пати се јавувал за збор, и кога судијата му дозволил да излезе на говорницата, Јеличиќ рекол дека не му е дозволено да каже што има и затоа ќе се убие. Веднаш притрчале судската полиција и Итната помош која дежурала пред зградата.