Најмалку 71 патник загинаа а уште 40 се повредени, откако се запали воз во Пакистан.
Огнот во возот избил кога експлодирале канистери за гориво кои патниците ги користеле за подготовка на појадок, со што биле уништени три вагони од возот во близина на градот Рахим Јар Кан, на југот од провинкцијата Пуџаб.
-Разнесени се две печки за готвење, а маслото само го засилувало огнот, – изјави министерот за железници, шеикот Рашид Ахмед за ТВ Гео.
„Повеќето од патниците настрадале затоа што скокнале од возот во движење“, додаде тој.
Инаку, патниците во Пакистан често готват во возовите на долги патувања.