Шестгодишната Тијана Ѓурасовиќ и нејзината 10-годишна сестра Мија, се пронајдени мртви во нивниот дом во Перт, Австралија. Соседите на ова босанско семејство ги слушнале викотниците на нивниот татко Ненад, кој откако се вратил од работа во петокот, ја нашол Тијана како лесна неподвижна на влезот а Миа во просторијата за перење. Нивната мајка, Милка, која е пронајдена на блискиот паркинг со повреди кои сама си ги нанела, е уапсена и однесена во болница, и е под полициски надзор.
Како што пренесува „ВА тудеј“, семејството во таа куќа живеело повеќе од 20 години. Таткото на девојчињата работел како инженер, а мајката како болничарка.
Филип Купер, близок пријател на семејството, вели дека пред само неколку дена Мија и Тијана си играле заедно со неговата ќерка.
„Нашето семејство е блиску до семејството Ѓурашовиќ, исто како што беа блиски и нашата Миа, Миа Ѓурашовиќ и нејзината сестра Тијана. Тие пред само неколку дена си играа заедно на училиште“, напишал Купер на социјалната мрежа
Соседите за австралиските медиуми велат дека ништо не навестувало дека мајката е способна за ваков монструозен чин. Според нив, се работело за среќно семејство, со прекрасно воспитани деца.
“Тие се бакнуваа, одеа заедно на годишен одмор. Девојчињата беа прекрасни, не можам да верувам дека се случи тоа“, рекла една од сосетки.
Помошникот инспектор Пол Стил рекол дека местото на злосторството е доста „сложено“ и сè уште не знае точно кој ја повикал полицијата.
„Ова е трагичен настан и искажуваме искрено сочувство на пријателите и семејството на децата“, соопштила полицијата.