Англиската полиција утринава пронајде 39 тела во камион во индустрискиот парк во Асекс. Се работи за 38 тела на возрасни лица и едно на тинајџер.
“Skaj njuz” тврди дека камионот стигнал од Бугарија, а во Велика Британија пристигнал во саботата.
-Ова е трагичен инцидент. Камионот од Бугарија простигна во саботата и возачот кој е од Северна Ирска а кој го уапсивме, соработува во истрагата – вели главниот полициски наредник на Асекс, Ендру Маринер.
Инаку, во моментов се врши индентификација на телата, а паркот е затворен.