Единствениот заклучок од Самитот на ЕУ кој завршува денеска во Брисел е дека „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето на проширувањето пред Самитот во Загреб“ -објави канал 5.
Официјалната прес конференција на Туск и Јункер се уште не е одржана, но пред малку информацијата ја потврди канцеларката Меркел. Таа рече дека за проширувањето ќе се разговара за време на хрватското претседавање со Унијата кое е во првата половина на 2020 година.
Дотогаш се очекува францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес.