Напаѓачот на Англија, Рахим Стерлинг, по победата над репрезентацијата на Бугарија од 6:0 синоќа во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020, го коментираше расистичкото однесување на навивачите на стадионот.
-Сочувствувам со Бугарија што беше претставувана од вакви идиоти на стадионот, напиша Стерлинг на Твитер.
-Во секој случај, 6:0 и летаме дома. Ние ја завршивме нашата работа. Добар пат за нашите навивачи, тие беа добри, – додаде Стерлинг.
Инаку, селекторот на Англија, Герет Саутгејт за „Sky Sports“ изјави дека го предупредиле судијата Иван Бебек, доколку продлжеле расистичките навреди на мечот во Софија ќе го напуштеле натпреварот во второто полувреме.
Саугејт на полувремето на средбата на „Васил Левски“ во Софија , во соблекувалната на судијата од Хрватска му се заканил дека натпреварот нема да се доигра ако продолжат навредите.
„Му се обратив на судијата, му кажав дека нема да го доиграме натпреварот доколку навредите продолжат, за среќа проблематичните навивачи беа исфрлени од стадионот и се фокусиравме на фудбалот“ изјави Саутгејт.
Средбата во Софија, беше прекинувана двапати, а навивачите замолени да прекинат со расистичките навреди.