Најдобрата словенечка лизгачка Луција Млинариќ почина по тешката борба со рак на 32 години. Таа за опасната болест дознала преку телефон кога била на натпреварување во Колумбија во август 2013 година, а и покрај тоа, таа настапи и го освои сребрениот медал.
Од лизгањето се прости во 2015 година, кога на спектакуларната вечера ја пречека претседателот на Словенија, Борут Пахор.
Сепак, болеста се врати уште поагресивна минатата година, а Млинариќ реши да се лекува во Германија. Трошоците беа огромни, но помогнаа хумани луѓе од Словенија. За жал, втората битка ја доби болеста, па Луција го загуби животот.
По спортската кариера таа се посвети на борбата против ракот и информирање на јавноста за опасноста.