„Мојот внук Лука има речиси осум години, а се уште не зборува“, изјави легендарната пејачка Маја Оџаклиевска, која отворено зборува за аутизмот на својот внук, синот на постарата ќерка, Теа.
Маја смета дека за состојбата на внукот е виновна ММР вакцината која ја примил кога имал две години.
„Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вакцината. И кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари“, изјави скопјанката која долги години живее во Белград и додава:
„Јас сум веќе баба и нема ништо повредно за мене од игрите со мојот внук“.
Таа порачува дека за аутизмот треба отворено да се зборува и додава дека тоа не е ментална болест.
Освен Теа, Маја има уште една ќерка, Андреа која студира туризам.