Силните дождови предизвикаа големи поплави во Солун, каде десетици куќи се поплавени, а имаше и заробени возила на улиците. Противпожарната служба добила вчеравечер над 150 повици , а од 17 куќи се испумпувала вода.
За време на невремето, пожарникарите евакуирале седуммина луѓе од поплавени домови во населбата Ефкарпија.
Двајца возачи биле заробени во поројот, а едниот, наводно, избегал од поплавата, додека другиот побарал полициска помош.
Сообраќајот во Солун бил во застој и имало неколку сообраќајки поради лизгавите патишта.