Едно лице загина во судир на два камиони, што се случило во вторникот после 16 часот во близина на Пјотркув -кај Вола Рокџивка на патот кон Варшава.
Како што објавија полските медиуми лицето кое загинало во несреќата е 35-годишен Македонец.
Тој возел камион со приколка кој се удрил во друг камион. По сударот шоферот останал заглавен во кабината. Иако дошло до негова реанимација од страна на спасувачката служба, човекот не можел да се спаси.