Седум лица загинаа, а 21 се повредени по пукање во Одеса во Тексас. Вооружен напаѓач отворил оган од својот автомобил, по што бил убиен од страна на полицијата која го бркала на паркинг. Повредени се и двајца полицајци кои се обиделе да го сопрат автомобилот во кој се наоѓал напаѓачот.
Инаку, меѓу ранетите е и 17- месечното девојче Андерсон Дејвис. Таа бил превезена во болницата во Либок. Девојчето е погодено на десната страна на градите и лицето, по што и се избиени предните заби откако низ долната усна и јазикот и поминај шрапнел. Како што информирале од болницата, малата Андерсон е надвор од животна опасност.
Мајката ја опишала својата ќерка како “слатко девојче кое е толку мало да разбере што се случило“.
-Беше свесна, но целата беше покриена со крв. Беше ужасно да се види такво нешто – изјавил еден од сведоците.