Српскиот тренер на Болоња Синиша Михајловиќа откри дека боледува од леукемија.
„Не се чувствував добро, имав треска. Резултатите од прегледите покажаа дека станува збор за леукемија“, рече Михајловиќ и додаде:
„Кога дознав плачев со денови. Но, тоа не беа солзи од страв. Ја почитувам оваа болест и ќе се соочам со неа, со исправена глава“ – рече српскиот тренер.
Инаку, Михајловиќ како тренер ги водел Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.