Две лица загинаа рано изутринава на автопатот Белград – Ниш, кај месноста Мала Крсна. Станува збор за 59 годишен маж и неговота 33-годишна ќерка.
До несреќата дошло кога автомобилот, марка „шкода“ со заечарски регистерски ознаки, од засега непознати причини удрил во камионот на „Патишта Србија“ кој стоел во лентата за запирање, а потоа и во банкината.
Според Блиц.рс, едногодишното девојче кое била во детско седиште на задниот дел од шкодата, од силината на ударот излетало со се седиште од возилото, и за среќа, останало неповредено. Сепак, детето како и шеесетгодишната жена која исто така била на задното седиште се испратени на ВМА.
При ударот, во камионот бил шоферот како и работниците кои во тој момент излегувале од него, и вистинска среќа е што никој од нив не е повреден.
Инаку, според блиц. рс на самиот автопат глетката била страшна. Имало расфрлани играчки, уплатници и сметки.
фото: новости