ШТО ПОСЛЕДНО НАПИША МАЈКАТА ШТО СИ ЈА ФРЛИ ЌЕРКАТА: „Добродојде Теодора“

by Тони Зографски

36-годишната Данијела Радојчиќ како што пишуваат српските медиуми, прво ѝ ги пресекла вените на својата ќерка, а потоа пред очевидци детето го фрлила низ тераса од четвртиот спрат во зградата во која живееле. Го запалила станот, викала од тераса, а потоа скокнала во смрт.

Кога скокнала од терасата била жива, велат очевидците, но набрзо починала и својата тајна ќе ја однесе во гроб.

Друг сведок наводно слушна дека жената вика:„ Косово е Србија! Не го даваме Косово! Земете ни се. Косово е наше!“. Претпоставил дека жената ќе скокне и тргнал кон нејзиниот стан, но за жал, таа веќе скокнала.

Еден сосед рекол дека почувствувал чад и излегол на балкон.

-Ја видов жената, но не и детето. Претпоставив дека сакаше да се уби. Ѝ реков да застане, да не го прави тоа, но како да не ме слушаше. Побрзав да се симна, да се обидам да ѝ помогнам, но таа веќе ја оствари својата намера. Многу поголем шок доживеав кога го видов телото на детето покрај неа – раскажал потресен сосед.

На местото на несреќата стигнал и таткото на Данијела.
-Теодора каде си сине – довикувал очајниот човек.
-Не може веќе никој да ми помогне, Тргнете се од мене – викал човекот на секој кој му приоѓал, па дури и на лекарите од Брзата помош.

Данијела завршила фармација во Белград, а работела во Клиничкиот центар во Белград.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com