Во пожарот кој утринава во 8.20 часот вивна во една зграда во Белград загинаа две лица, жена (36) и женско дете (3) – објави блиц.рс.
Според првичните информации, кога избил пожарот на четвртиот кат на зградата, жената и детето скокнале низ прозорецот за да се спасат од огнот. Но, и двајцата им подлегнале на задобиените повреди.
Наводно, има сомнежи дека мајката го подметнало пожарот, а потоа на својата ќерка и ги пресекла вените и ја турнала преку прозорецот.
Инаку, пожарникарите се обидуваат да ги отворат сигурносните врати како би стигнале до четвртиот кат. На лице место се три пожарникарни возила, брза помош и полициja.
(фото. курир.рс)