17-годишниот ученик А. М. од Средната техничка школа од Илиџа, во БиХ денеска загина по падот од прозорeцот од четврти спрат во еден хотел во Прага, каде учениците биле на екскуризја – потврдил директорот на школото, Фуад Дургут.
– Во тек е увидот кој го извршува полицијата во Прага, по кој ќе имаме повеќе информации – изјавил Дургут.
За загинувањето на ученикот е информирана и амбасадата на БиХ во Прага.
Инаку, медиумите во Босна и Херцеговина јавуваат дека се работи за самоубиство.