Ученици од седмо и осмо одделение во основно училиште во Хрватска, рано утрината вчера тргнале на дводневен излет во Свети Филип и Јаков. Утрината во седум часот тргнале, а ги испратиле родителите и директорот на училиштето, а учениците весели тргнале на пат.
Неколку часа подоцна застанале на одморалиште меѓу Новска и Окучана, на автопат, а во 09:40 часот камион налетал на нив. Со голема брзина ја поминал пумпата и ги покосил децата и автомобилит кои биле на паркингот зад пумпата. Ива и Рената биле најдобри другарки и двете загинале на лице место.
-Беа неразделни. Заедно седеа на училиште, во автобусот. Утрината двете со насмевка тргнаа на излет, од кој за жал, не се вратија – рекол директорот на училиштетот кој следниот понеделник го прогласил за ден на жалост на училиштето.
Мајката на Рената, Зорица Х. на новинарите им рекла дека ѝ ѕвонела на Рената на мобилен штом се случила трагедијата. Кога таа не се јавувала, ѕвонела кај Ива. Била очајна. А, потоа слушнала од медиумите дека двете загинале. Останатите ученици во 16 часот се вратиле во Ердут. Таму ги дочекале расплаканите родители и мештаните.
Засега не е познато зошто камионот налетал на луѓето. Возачот наводно кажал дека не му работеле кочниците.
Иако треба да се спроведе комплетен технички опреглед на камионот, првите проверки утврдиле дека кочниците работеле.