ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Му откажажале кочниците, па изгазил две ученички кои оделе на екскурзија (ФОТО)

by Тони Зографски
Две ученички загинале , а уште две девојчиња се борат за живот, кога камион налетал на нив додека стоеле на паркинг. Децата стоеле на одмориште на автопатот меѓу Новска и Окучани во Хрватска и требало да отпатуваат на екскурзија на море.

Според хрватските медиуми, станува збор за две деца, ученици во 7 и 8 одделение. На нив налетал камион, чиј возач вели дека му откажале кочниците.

Очевидците велат дека глетката била страшна и оти камионот едноставно ги збришал децата , кои столе во група покрај автобусот со кој патувале. Девојчињата кои загинале , учеле во основното училиште во местото Даљ.

„Беше страшно. Луѓето одмораа, и одеднаш на нив налета камион кој рушеше се пред себе“, кажале очевидци.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com