Поранешниот премиер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски си поднесе оставка од пратеничката функција.
Тој одлуката ја соопшти преку неговиот Фејсбук профил.
„Одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.
Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“, напиша Никола Груевски на Фејсбук.