Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се водат за исчезнати во бродската нереќа што се случила синоќа околу 22 часот на реката Дунав во близина на парламентот на главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Како што пренесуваат светските агенции, туристичкиот брод „Сирена“ на кој имало 34 лица се судрил со помал пловен објект по што се превртел и потонал.
Телевизијата М1 објави дека 15 луѓе биле спасени по несреќата во близина на познатата зграда на Парламентот во центарот на унгарската престолнина по судирот со друг брод.
Нуркачи трагаат по исчезнатите, но силниот дожд во изминатите недели го зголеми нивото на реката со што е отежната потрагата.
Унгарските медиуми пренесуваат дека најголемиот број од патниците на туристичкиот брод биле од Јужна Кореа.