Македонската ѕвезда Тамара Тодевска, која се пласираше на осмото место на Евровизија, на полноќ пристигна на скопскиот аеродром. Тамара и нејзиниот евровизиски тим на аеродромот ја пречекаа стотина граѓани меѓу кои нејзиниот сопруг и нејзината ќеркичка Хана како и владина делегација во која беа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски. Таа му се заблагодари на тимот и на нејзините најблиски, а рече дека најмногу и фалела нејзината ќеркичка.
„Ви благодарам. Тоа што го видовте на евровизискиот настап е резултат на тимска работа, посветеност и љубов. Во финалето ни стана јасно дека сѐ вредеше. Многу сум среќна што направивме добар резултат иако искрено очекувавме повеќе Напорно работевме три месеци и последниот ден во финалето сфативме дека се вредеше„ рече Тамара и додаде:
“Како се редеа дванаесетките се гледавме меѓу себе и си викавме „што направивме“. Беше неизвесно. Криво ми е за тие два бода, поради што првото место од жири го испуштивме. Но не е битно, никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија. 45 мин бевме први, секој три минути не покажуваа нас, се осеќаме како победници.
Инаку, авионот со кој Тамара и нејзниот тим слета во Скопје од Тел Авив доцнеше неколку часа.
„Извинете што ме чекавте долго, не беше до нас тоа што доцневме“ рече Тамара.
Коментирајќи ја медиумската покриеност таа изрази благодарност за сите што и дале поддршка и додаде дека „прв пат во животот Цеца и Јелена Карлеуша се сложија во нешто“ за нејзиниот настап.