Марија Шерифовиќ не можеше да верува кога виде дека нашето жири не и даде ниту еден поен на српската преставничка Невена Божовиќ која настапи со песната “Круна“ на синоќешното финале на Евросонг. Поранешната победничка на песната на Евровизија во 2007 година го изрази своет незадоволство преку Твитер.
– Македонија не и даде ниеден бод на Србија? Дало добро видов? Најдете кој е во жирито! Најдете – напиша Марија Шерифовиќ.
Инаку, Невена Божовиќ на крајот заврши на 17 место, со 92 бода.