По влезот во финалето на Евросонгот на сестра и Тамара, Тијана Дапчевиќ е во центарот на вниманието и на српските медиуми.
-Јас во моментов сум најгордата сестра во Европа. Не сум пристрасна, Тамара навистина беше најдобра. По нејзиниот настап ми се јави Марија Шарифовиќ и се сложивме дека Тамара вокално беше најдобра на целата Евровизија, така да несум субјективна – вели Тијана и додава:
– За разлика од мене Тамара не е тремаџика. Ме прашуваше пред настапот за совет и се консултиравме, но ништо од тоа не ме послуша, си “одеше“ по нејзиниот зацртан пат. Сакам да кажам дека Тамара добро направи што одбра балада бидејќи има моќен глас.