Тина Тарнер под лажно име во хотел во Белград (ФОТО)

by Тони Зографски

Кралицата на рокенролот Тина Тарнер во јуни доаѓа во Белград, на приватна забава на еден српски бизнисмен. Познато е дека Тина живее во Цирих, а пред шест години доби и швајцарско државјанство, па следниот месец ќе биде гостинка на приватна забава на срспскиот бизнисмен чие име се држи во тајност.

– Српскиот бизнисмен живее и работи во Цирих каде и ја запознал големата пејачка. Тина и нејзиниот сопруг Ервин Бах ќе стигнат со приватен авион. Таа во Белград ќе остане само еден ден и во еден од тамошните хотели ќе биде пријавена под лажно име. Можно е забавата да се случи и во околината на Белград. Тарнер на забавата ќе биде само гостинка и нема да пее – вели извор близок до целата организација на забавата и додава:

–  За безбедноста на Тина Тарнер ќе биде ангажирана полицијата.

 

останати вести