Трагедија на годинешниот избор за песна на Евровизија во Тел Авив. 66- годишен возач на камион, Фулди Шварц загинал откако врз него за време на подготовките за музичкиот натпревар паднало осветлувањето. Несреќниот возач по инцидентот итно бил пренесен во болница.
-Засега не обвинуваме никого. Но, како е можно да се случи вакво нешто на настан каков што е Евросонг, во кој се вложени толку пари, се прашуваат членовите на семејството на загинатиот Шварц.
Веднаш по инцидентот полицијата отворила истрага. Според магазинот „ IQ“ истрагата засега покажала дека на уредите од осветлувањето на се работело според прописите.
Организаторот на Евросонг, Израел жали за инцидентот и упати искрено сочувство до семејството на загинатиот возач .