Емили Ратајковски е една од многуте што реагираа на забраната на абортусот во американската држава Алабама. Особено, поради тоа што за оваа забрана гласале 25 бели мажи.
Емили својата порака ја прати прку фотографија на својот Инстаграм профил на која е целосно гола, а интимните делови ги покри со рака и цвет.
“Оваа недела 25 стари белци гласаа за забрана на абортус во Алабама, дури и во случаи на инцест и силување. Оваа е напад на човековите права која жената во САД ги заслужува. Наши тела, наши одлуки“ – е дел од објавата на Емили под фотката.