Една од најубавите жени во светот, Моника Белучи и нејзиниот помлад дечко Николас Лефевре викендов си шетаа низ Венеција. Тие имаа работно -романтичер одмор, бидејќи Моника беше гостинка на венецијанскиот бал под маски. За таа прилика 54-годишната актерка одбра елегантен фустан со корсет и наметка, кој го креираше Мариа Грациа Чиури и Диор.
Во март, на неделата на модата актерката и 36-годишниот француски модел, уметник и сценограф открија дека се во врска. Од тогаш се видени на повеќе јавни случување.
Инаку, претходно, Моника беше мажена со францускиот актер Венсан Касел со кого беше 14 години во брак и има две ќерки.