Виолинистот Никола Јанков-Коки , кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ тајно се оженил, најавува естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.
Во најавата за емисијата стои наслов дека Коки тајно се оженил по вторпат, а деталите за неговиот нов брак, како и коментар од првата сопруга, најавуваат наскоро.
Инаку, на профилот на социјалната мрежа Фејсбук, љубовниот статус на Коки е дека е во брак, со што дополнително се потврдува дека музичарот е во брачна заедница.
Претходно, Коки 10 години беше во брак со портпаролот на АМСМ Росана Јанков, а од бракот ја имаат ќерката Лара. Нивниот развод помина без многу скандали, а Коки мораше да се отсели од нивниот стан во кој заедно живеаа и да се пресели на друга локација.
Потоа излезе информација дека Коки веќе неколку месеци е во љубовна врска со неговата поранешна девојка, адвокатката Маја Парговска од Скопје, со која пред да се ожени со Росана, бил во 4-годишна љубовна врска.