СВЕТОТ ВО ШОК: Тенисерка отишла на забар, па разбрала дека има рак  (ФОТО)

by Тони Зографски

Американската тенисерка Никола Гибс, нема да настапи на престојниот Роланд Гарос откако по обичен преглед кај стоматолог и е откриен редок облик на рак.  На 117 тенисерка на светот и е дијагностициран рак кој се шири под горната усна, а по направената биопсија утврдено е дека се работи за рак на плувачките жлезди.

Операцијата е закажан за петок, а според лекарите прогните за оздравување се добри.

–  Се повлекувам од тенисот да крајот на сезоната и нема да се натпреварувам на Роланд Гарос. За среќа, овој облик на рак е излечив и мојот хирург е оптимист околу исходот на операцијата. Ми дозволи да одиграм неколку турнири во последните неколку недели, што за мене беше одличен психолошки третман – изјавила Гибс.

останати вести