Ребека Јанковска-Ристески и нејзината сестра Хелена со роденденски ручек и торта го прославија роденденот на нивната мајка Роза. Тие прво беа на ручек во еден скопски ресторан, а потоа дома се почестија со торта.
„Денес славиме роденден на нашата мајка на која многумина, покрај нас децата нејзини, ѝ се обраќаат со мамо. Среќен нека ти е роденденот наша најмила. Те сакаме“, напиша Ребека на „Фејсбук“ и објави неколку слики од прославата.
Инаку, по неколку години тие беа повторно заедно за роденденот на мајка им, бидејќи Хелена речиси пет години живее на Нов Зеланд.