ПОВТОРНО ДОМА: Кили се вработи на старото работно место

by Тони Зографски

По неколкугодишното живеење на Еквадор и паузата од театарската сцена актерот Кирил Поп Христов се врати во Македонија, и повторно се вработи во Македонскиот народен театар.  Тој претходно, во МНТ прв пат се вработи во 1993 година и беше негов матичен театар сè до 2014 година, кога Кили се отсели на Еквадор.

Инаку, Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година.

Неговата сопругата Гордана Деан Поп Христова сè уште живее и работи на Еквадор како танцов кореограф.  Помладата ќерка, Јоана Поп Христова, остана да живее на Еквадор и пред неколку месеци направи венчавка со Родригез Сориа Хозе Луис, а најавија дека наскоро ќе станат и родители. Нивната повозрасна ќерка Нина Деан од 2016 е вработена во Македонскиот народен театар.

 

останати вести