Кирил Поп Христов – Кили наскоро за првпат ќе стане дедо. Неговата 25-годишна ќерка Јоана, го очекува своето прво дете.
Кили пред камерите на “Ексклузив“ на 1тв изјави дека е среќен што наскоро ќе стане дедо.
-Ќе го научам да му се д..а на лево и само да го прати него во животот и за ништо друго да не му се секира – изјави во негов стил Кили.
Инаку, Јоана Деан Поп Христова (25), ќерката на Гордана Деан Поп Христова и македонскиот актер Кирил Поп Христов неодамна се омажи во Еквадор, каде што семејството живее веќе неколку години.