Фудбалерите на српската репрезентација го советувале Душко Тошиќ да покрене бракоразводна парница, затоа што Јелена Карлеуша прави мајмун од него. Тие својот искрен совет му го дале бидејќи сметаат дека Душко е добар и успешен човек.
– Сите знаат колку Јелена и Душко се сакале, а можеби се сакаат сеуште. Меѓутоа тоа изневерување, оставило длабока трага поради која Душко страда. Колегите го посоветувале да ја остави пејачката. Некои му зборуваат дека е изигран, додека другите зборуваат дека во јавноста изгледа јаден и понижен и дека еден нормален маж не смее да дозволи женаму да му набива рогови и да го прави мај*ун – рекол неодамна добро информиран извор и додал…
– Душко е свесен за целата ситуација, и преземал чекор само два дена после смрта на Дивна мајката на Јелена, каде што преку адвокат и испратил барање за развод, кој е одложен поради трагичниот настан во семејството – тврди изворот.