15-ет овци симболично биле запишани во училиштето во едно француско село. Што е најинтересно овците ги сликале и за годишникот што излегува на крајот на школската година.
Инаку, поради недостаток на ученици во март до училиштете дошло соопштение дека ќе се затвори бидејќи бројот на ученици паднал од 266 на 261. Геал Лавал, член на синдикатот, организирал демнострации во селото обвинувајќи ја власта дека ја интересираа само бројки и дека 11 одделенија и натаму се активни во школото. Лавал, кој е ветеринар, во вторникот наутро пристигнал со 50 овци, од кои за 15 обезбедил изводи од матичната книга и ги запишал во школото.
– Сега ќе мораат да отворат уште едно одделение – изјавил Лавал.