Русинот Димитриј Хлебушкин, иако ја преживеал страшната авионска несреќа во Москва во неделата, станал еден од најомразните луѓе. Имено, преживеаните патници го обвиниле дека спречил брза евакуација од авионот и притоа го забавил бегството од запалениот авион на “Аерофлот”. во кој при слетувањето на аеродромот во Шереметјево, загинаа 41 патник.
Тој наводно седел на местото 10Ц и го напуштил авионот со својата торба, што е крајно необично со оглед на тоа што авионот горел.
Хлебушкин, дури, на насобраните новинари им се пожалил дека “Аеролофт” нема да му ги врати парите за картата.
“Разговарав со претставници на компанијата 40 минути и се обидував да добијам враќање на парите и на крајот не успеав. Тие се бесчувствителни и непрофесионални луѓе”, им рекол на новинарите.
Руските медиуми јавуваат дека само тројца патници по Хлебушкин успеале да го побегнат од авионот.
Хлебушкин во обраќањето до новинарите го пофалил екипажот бидејќи му помогнал безбедно да го напушти запалениот авион.
“Беше мрачно и многу топло, луѓето ги извлекуваа од авионот. Имам висок крвен притисок и имам аритмија. Сакам да живеам”, рекол пред да биде префрлен во болничкото возило.