Меган Маркл, војвотката од Сасек и принцот Хари станаа родители. Кралското семејство е побогато со уште еден принц.
„Со радост ве известуваме дека војвотката и војводата од Сасекс станаа родители во понеделникот, на 6 мај, рано утрината. Момчето се роди со 3 килограми и 200 грама. Мајката и бебето се чувствуваат добро“, порачале од кралското семејство преку Инстаграм.
И понатаму не е познато дали Меган се породила дома или во болница, тие детали се кријат. Нејзината мајка и принцот цело време биле со неа.
Од палатата велат дека името на бебето ќе биде соопштено деновиве.