Утре, 7 мај, денот кога папата Франциск ќе престојува во еднодневна посета на земјава е неработен ден за сите граѓани. Ова денеска го соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Токму за одлуката дали денот ќе биде работен или не, досега беше неколку пати менувана, а само денеска двапати. Прво владата излезе со соопштение дека ќе се работи, за подоцна Бошњаковски да ја каже дефинитивната одлука на Владата, дека сепак не е работен ден.
Утре нема да работат училиштата, но градинските сепак ќе бидат отворени и ќе примаат деца.