ДВОЈНО СЛАВЕЊЕ: На 47-от роденден Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска стана прва дама

by Тони Зографски

За сопругата на новиот претседател на државата Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска денеска е ден за двојно славење.

Таа стана прва дама, а денеска го прославува и својот 47. роденден.

Елизабета е по професија стоматолог, која работи во Клиниката за детска и превентивна стоматологија. Таа во една прилика изјави дека со Стево се запознале преку заеднички пријатели.

Инаку, новиот претседател и првата дама се родители на 17-годишниот син Огнен.

останати вести