Познатиот спортски коментатор Милојко Пантиќ (72) уапсен е синоќа, откако со своето возило “форд фокус“ удрил во џипот на единиците за интервенција во Нови Белград.
Несреќата се случила синоќа околу 23.30 часот кога коментаторот се забил во заднит дел на џипот. Потоа, тој побегнал накај Бранков мост, и што е најинтересно, возел во спротивен правец. Набрзо единицата за интервенција во која се удрил го стигнала, и го уапсила.
Во инцидентот нема повредени.