ТРАГЕДИЈА: Газдата на “Jack&Jones“ си ги погреба трите деца (ФОТО)

by Тони Зографски

Данскиот милијардер Андерс Холчх Повлсен (46) кој е и сопственик на меѓународниот синџир продавници за облека Бестселер (кој ги вклучува модните брендови „Vero Moda“ и “Jack&Jones“)  ги погреба своите три деца кои беа убиени на Велигденскиот терористички напад кој се случи во Шри Ланка.

Андерс се обидуваше да ја утеши својата сопруга Ане и ќерката Астрид додека стоеја покрај телата прекриени со букети цвеќиња. Данските медиуми пренесуваат дека и внатрешноста на црквата била украсена со балони во чест на загинатите деца.

На погребот присуствуваа бројни членови на данското кралско семејство, исто така и премиерот Ларс Локе Расмусен.

Инаку, Алфред, Алма и Агнес загинаа во терористичкиот напад кој се случи во хотел во Шри Ланка, додека семејството беше на одмор во тоа летувалиште. Астрид го преживеа нападот, заедно со нејзиниот татко Андерс.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com