Српскиот пејач Слободан Васиќ повторно направил инцидент. Тој се случил во кафеана во Нови Сад каде Слободан дошол во друштво на својата нова девојка и нејзиниот брат. И се било супер додека алкохолот не почнал да делува. Прво се поткачиле пејачот и братот, за после подебелиот крај да го извлече девојката на пејачот. Слоба се нашол во тесно, со оглед на тоа дека имало многу сведоци кои виделе дека ја удрил, па немајќи каде самиот повикал полиција и пријавил што точно се случило. Потоа тој бил приведен.
Инаку, на младиот пејач не му е прв пат да е насилен. Тој во 2015 година ја нападна и тогашната вереница Валентина. Скандалот се случил во ресторан во Будва.