Кристијано Роналдо станува сопственик на „La Voiture Noire“ моделот на „Бугати“ кој е најскапиот автомобил на светот.
Роналдо веќе поседува неколку луксузни автомобили, а новиот автомобил на Бугати беше претставен минатиот месец на саемот за автомобили во Женева.
Компанијата „Бугати“ го издаде овој автомобил по повод 110 годишнината на постоењето, а оној што ќе сака да го купи ќе мора да издвои 11 милиони евра.
Со оглед на тоа дека Португалецот тие пари ги заработува за нешто повеќе од еден месец, тие пари не се проблем.
Освен тоа Роналдо веќе со години снима реклами за оваа компанија, а си има нивни автомобили во гаража.