Продолжува војната на мафијашките кланови во Подгорица. Денеска, околу 16.30 часот, во близинат на автобуската станица во црногорскиот главен град, убиен е Милош Илиќ (31).
Тој го паркираш џипот на улица и се упатил кон обложувалница. Кога се враќал, му пришол човек со качкет и испукал пет-шест куршуми во него. Илиќ ранет се обидел да избега, но убиецот го стигнал, и во него испукал уште пет куршуми. Потоа, убиецот избегал.
Според непотврдени информации, Илиќ бил близок со“ шкаљарскиот клан“.
Полицијата околу убиството уште се нема огласено.