Викторија Лоба само што се врати од Америка, поточно од Мајами, замина во Грција. Имено, таа велигденските празници со својот дечко ги помина кај нашиот јужен сосед. Лоба, убавото време го искористи во бикини да ужива на лежалка во ексклузивниот “Сани Ресорт“.
https://www.instagram.com/p/BwzpFkLn6i3/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Инаку, последниве денови пејачката беше актуелна кај македонските портали со најавата дека ќе се мажи. Наводно, таа го прифатила предлогот за брак на бизнисменот Ѓорги Калешов. 30-годишната македонска ѕвезда го покажа и свршеничкиот прстен.
Викторија и Ѓорги долги години се во врска. Тие заедно беа и на патувањето во Мајами.