Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска, стана мајка. Таа ја доби ќерката Алана.
Среќната вест на социјалните мрежи ја објави сопругот на манекенката, охридскиот бизнисмен Виктор Илоски. Двојката која е во брак од минатото лето, вешто ја криеше бременоста на Мартина.
„Љубовта на мојот живот се роди денеска Алана .Се што сум и се што имаме е твое!Да си ми жива и здрава, благословена од Бога, а за се друго тука е тато…Благословен и најсреќен ден во мојот живот. Мартина и мојата мала принцеза. Ве сакам двете бесконечно“ .