Елена Ристеска засега има само една љубов (ФОТО)

by Тони Зографски

Елена Ристеска во последно време е повеќе во странство отколку дома.  Во Белград снимаше дуетот со српската пејачка Данијела Кариќ со песната „Срца се погреше“, а беше актуелна и со новата песна „Суперстар“, уште еден  дует, овој пат со рускиот рапер Кирил.

Во сета таа динамика од работни обврски и патешествија, Елена наоѓа по малку време и за себе. Пред некое време на нејзиниот Инстаграм профил таа одговарајќи на прашањето дали по разводот има момче, Елена лаконски одговори со прашање: „Да не имаш некој на ум“?

Според фотографијата што ја постави на својот Инстаграм профил македонската поп пејачка во моментов има само една љубов, а тоа е уметноста.

останати вести