ОД РЕЛИГИОЗНИ ПРИЧИНИ: Хитот “Проклета недеља“ на Парни ваљак забранет (ФОТО)

by Тони Зографски

Големиот хит на хрватската група Парни ваљак “Проклета недеља“  е забранет на Радио Сплит. Уредникот Младен Вуковиќ се извинил што во неделата, на Велигден била пуштена песната во која според Вуковиќ, имала невкусни зборови.

– Неверојатно, Смешно. И претходно се зборуваше дека песната има религиски призвук. Знам од каде дува ветерот. Така е тоа кога некој сака да биде поголем католик од Папата – вели авторот на песната и фронтмен на групата, Хусеин Хасанефендиќ Хус.

Како неслужбено се дознава, песната и стиховите не биле спорни, туку од радиото се извиниле бидејќи таа одела непосредно пред религиозната емисија “Вера и живот“.

останати вести