ВЕЛЕШЕ ДЕКА ИЗГЛЕДА КАКО БУРЕ: Ева Лонгорија ја врати линијата  (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската актерка Ева Лонгорија минатата година го доби синот Сантијаго, во брак со бизнисменот Хосе Антонио Бастон. Од породувањето поминаа девет месеци а Ева веќе ја врати линијата и се пофали со фотки на Инстаграм. Таа позираше во мини црвени бикини, и доби многу лајкови и позитивни коментари, меѓу кои и од Викторија Бекам која е нејзина пријателка.

https://www.instagram.com/p/BwkSbKtBOEe/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

“ Изгледаш одлично“, напиша Викторија.

Инаку, пред неколку месеци Ева се соочи со голем број критики околу килажата, ја нарекуваа “ прасе“ и “куса и дебела“ а и таа самата се опиша дека изгледа како буре. Но по породувањето Лонгорија се “пресели“ во теретана, ги симна килограмите и телото го врати во старата форма.

“ Сега вежбам и внимавам што јадам. Полека се враќам во ритам. Сеуште ја сакам јогата, работам со тежини во теретана, трчам и практикувам пилатес. Диетата и фитнесот се дел од моето секојдневие“, рекла холивудската актерка.

останати вести