Дијаспората од Австралија деновиве масовно повикува на бојкот на концертите на Елена Велевска закажани за овој мај и јуни. Извесниот Александар Илијоски на социјалните мрежи напиша статус во кој ги повикува своите сонародници во Австралија да ги бојкотираат концертите на Елена Велевска, поради нејзината изјава за бугарските медиуми дека “Јовано, Јованке” и „Облаче ле бело“ се бугарски песни.
– Почитувани Македонци, ве повикувам да не одите на новиот австралиски концерт на Елена Велевска овој мај / јуни. За неа Македонските песни Јовано Јованке и Кажи Облаче ле бело се “Бугарски хитови” -, напиша Илијоски.
На „Фејсбук“ страницата „Македонска коалиција“, повторно се споделува видеото од едно нејзино гостување на бугарската телевизија „Пајнер“.
Инаку ова видео е направено пред речиси две години, и уште тогаш пејачката се извини за изјавата, за која како што таа вели е извадена од контекст.